Турција

Турскиот претседател Ердоган и американскиот сенатор Греам на концерт на пијанистот Фазил Сај

Изведбата на „Троја Соната“ и на другите дела од страна на Сај, беше дочекана со овации и честитки од претседателот Ердоган, кој ја пофали автентичната изведба на Сај

Ahmet Salih Alacacı   | 20.01.2019
Турскиот претседател Ердоган и американскиот сенатор Греам на концерт на пијанистот Фазил Сај

Ankara

АНКАРА (АА) - Концертот на познатиот турски пијанист Фазил Сај, кој се одржа викендов во турскиот главен град Анкара, го проследија и турскиот претседател Реџеп Таип Ердодан и американскиот сенатор Линдзи Греам, јавува Anadolu Agency (AA).

Изведбата на „Троја Соната“ и на другите дела од страна на Сај, беше дочекана со овации и честитки од претседателот Ердоган, кој ја пофали автентичната изведба на Сај.

Велејќи дека се надева оти пијанистот ќе одржи повеќе концерти во Анкара и Истанбул, Ердоган му подари на Сај плоча од Ашик Вејсел, познат турски изведувач на фолклорна музика и поет.

По состанокот со Ердоган вчера, американскиот сенатор Линдзи Греам го опиша концертот на Сај како едно од најголемите искуства во неговиот живот.

Греам беше специјално поканет на настанот од страна на претседателот.

На концертот присуствуваа и неколку други познати личности, меѓу кои и првата дама на Турција Емине Ердоган, турскиот потпретседател Фуат Октај, министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за одбрана, Хулуси Акар и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın