Турција

Турскиот претседател Ердоган им се обрати на хероите во Африн

Овие никогаш нема да нѐ одвратат од нашата борба во Африн. Овој наш процес ќе продолжи без двоумење, ако е потребно во Африн, ако е потребно во Џарабулус, ако е потребно во Ел Баб

Sarp Özer,Zafer Fatih Beyaz   | 20.01.2019
Турскиот претседател Ердоган им се обрати на хероите во Африн

Ankara

ХАТАЈ (АА) - Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, по повод годишнината од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“, се состана со командосите кои се приклучија на операцијата. За време на средбата, министерот Акар, преку својот телефон воспостави контакт со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој им се обрати на војниците со зборовите „Овие никогаш нема да нѐ одвратат од нашата борба во Африн. Овој наш процес ќе продолжи без двоумење, ако е потребно во Африн, ако е потребно во Џарабулус, ако е потребно во Ел Баб“, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерот Хулуси Акар, во придружба на воена и цивилна делегација, пристигна во Хатај.

Акар се состана со единиците на командосите кои учествуваа во успешно завршената операција „Маслинова гранка“. За време на обраќањето кон командосите, Акар воспостави видеоконференциска средба преку својот телефон со претседателот на Турција, Ердоган, кому му го упати поздравот од страна на турските војници.

- Министерот Алтун го сподели видеото од обраќањето на Ердоган кон војниците -

Министерот за комуникации на Претседателството на Турција, Фахретин Алтун, го сподели видеото од обраќањето на Ердоган на војниците.

Во видеото претседателот Ердоган им се обраќа на војниците по повод годишнината од започнувањето на операцијата „Маслинова гранка“, посакувајќи им на ранетите брзо заздравување, а на починатите, Божја милост.

„Не е можно да се заборави сета чувствителност со која се водеше борбата против терористите во операцијата во Африн“, рече Ердоган, и продолжи со зборовите „Покажаната борба во Африн засекогаш ќе биде запишана во нашите сеќавања.“

Посакувајќи им брзо заздравување на ранетите и Божја милост за починатите, по терористичкиот напад изведен по повод годишнината од операцијата „Маслинова гранка“, претседателот Ердоган рече:

„Овие никогаш нема да нѐ одвратат од нашата борба во Африн. Овој наш процес ќе продолжи без двоумење, ако е потребно во Африн, ако е потребно во Џарабулус, ако е потребно во Ел Баб. Како што овие нема да ги запрат турските војници, Слободната сириска војска (ССВ) на ист начин, тука, на сите наши сириски браќа, што е можно поскоро ќе им ја донесе можноста за нивна слобода. Територијалниот интегритет на Сирија е под наши гаранции и тука нема да биде дозволено какво било отцепување.“

Претседателот Ердоган информираше дека повредените од нападот што денеска беше изведен во Африн се префрлени во Хатај на лекување. „Оваа борба продолжува, ако е потребно, ТСК рака под рака со ССВ.“

Изјавувајќи дека поради програмата бил принуден да биде во Орду, претседателот Ердоган, испраќајќи им поздрави на командосите, им се обрати со зборовите „Вашата борба е благословена борба, ве поздравувам од сѐ срце.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın