Турција

Турскиот нискобуџетен превозник „АЏет“ стартуваше со летови Истанбул - Бејрут

Со оваа нова рута до Бејрут, АЏет продолжува да ја проширува својата мрежа на летови низ Европа, Блискиот Исток, Централна Азија и Северна Африка

Mikail Bıyıklı  | 02.12.2025 - Обновена : 02.12.2025
Турскиот нискобуџетен превозник „АЏет“ стартуваше со летови Истанбул - Бејрут

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот нискобуџетен авиопревозник АЏет (AJet) започна директни летови до Бејрут, главниот град на Либан, од аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул, соопшти денес авиопревозникот, јавува Анадолу.

Првиот директен лет од Истанбул до Бејрут се реализираше денес; авионот беше пречекан со церемонија на меѓународниот аеродром „Рафик Харири“ во Бејрут.

АЏет, кој претходно леташе од Анкара и Адана до Бејрут, сега ќе реализира дневни реципрочни летови од Истанбул до Бејрут.

Со оваа нова рута до Бејрут, АЏет продолжува да ја проширува својата мрежа на летови низ Европа, Блискиот Исток, Централна Азија и Северна Африка.

Новата линија има за цел да придонесе за развојот на туризмот и трговскиот потенцијал меѓу Турција и Либан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın