Турција

Турскиот национален авиопревозник награден со највисок еколошки сертификат на ИАТА

„Турк Хава Јолари“ стана првата авиокомпанија што директно го доби сертификатот од Фаза 2 од Програмата за оцена на животната средина на ИАТА (IEnvA)

Jeyhun Aliyev   | 21.06.2022
Турскиот национален авиопревозник награден со највисок еколошки сертификат на ИАТА

АНКАРА (АА) – Турската национална авиокомпанија „Турк Хава Јолари“ („Туркиш ерлајнс“) е наградена со сертификат од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) за управувањето со животната средина, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Турк Хава Јолари“ стана првата авиокомпанија што директно го доби сертификатот од Фаза 2 од Програмата за оцена на животната средина на ИАТА (IEnvA), се вели во соопштението на прес-службата на авиокомпанијата.

IEnvA е доброволна програма заснована на принципи во согласност со еколошките обврски и посветеност за постојано подобрување на одржувањето на животната средина.

Ахмет Болат, претседател на Одборот и Извршниот одбор на компанијата, го прими сертификатот во име на компанијата на Годишното генерално собрание на ИАТА и Светскиот самит за воздушен транспорт што се одржа во Доха, Катар, од 19 до 21 јуни.

Во програмата фокусирана на одржливоста, во која ИАТА врши ревизија на авиокомпаниите низ светот под осум различни прашања и 92 барања, компаниите се оценуваат за нивното лидерство, плановите за управување со животната средина, систем и документација и развојни активности.

„Покрај превозот на патници меѓу континентите, ние денес ги носиме културните, еколошките и економските вредности на нашиот свет во нашата иднина. Додека го правиме ова, се фокусираме на тоа како можеме да трошиме помалку денес и да го заштитиме нашето утре во сите наши операции“, рече Болат.

„Како прва авиокомпанија што директно го доби сертификатот Фаза 2, што претставува највисоко ниво во програмата IEnVA, дизајнирана од ИАТА како модел на систем за управување со животната средина карактеристичен за воздухопловната индустрија, ја покажавме и нашата решителност во овој поглед“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın