Турција

Турскиот министер Донмез: „Гасот од Црното Море ќе биде значително поекономичен од овој кој го увезуваме“

„Долгорочна цел ни е да стекнеме енергетска независност. Тоа би било исклучително важно за силната турска економија“

Murat Temizer   | 23.09.2020
Турскиот министер Донмез: „Гасот од Црното Море ќе биде значително поекономичен од овој кој го увезуваме“ Фото: Ali Balıkçı/AA

АНКАРА (АА) - Министерот за енергетика и природни ресурси на Република Турција, Фатих Донмез, денеска изјави дека откривањето на големите резерви на природен гас во Црното Море е епохално за турската економија и дека сите анализи укажуваат дека црпењето на тој гас ќе биде значително поекономично за Турција од моменталните трошоци кои ги издвојува за увоз на тој енергент.

Ресорниот турски министер Донмез беше гостин на Уредничкиот деск на Агенција Анадолија, и ја коментираше актуелната ситуација во земјата и регионот.

Истакнувајќи дека турските експерти внимателно работат на новооткриениот басен со природен гас во Црното Море, Донмез изјави дека во тек се прецизните сондажни и тестирачки активности.

Тој изјави дека речиси во потполност е извесно дека ревизијата ќе покаже дека во новооткриените резерви се наоѓаат значително повеќе од 320 милијарди метри кубни природен гас, колку што беше првобитната проценка.

„Се надеваме дека и тоа ќе го завршиме до средината на ноември. Не ги споделуваме информациите на јавноста додека се во тек инженерските работи. Сѐ ќе откриеме штом ќе дојдат при крај овие активности“, изјави Донмез.

Тој рече дека целта е природниот гас од Црното Море во дистрибутивниот гасовод да се пушти во 2023 година и додаде дека тој ќе биде доста поповолен од гасот кој Турција во моментот го увезува.

Ресорниот турски министер понатаму истакна дека Турција е поморска земја и дека ја има и таа предност да може да произведува течен гас ЛНГ во своите терминали, а што е исклучително важно од аспект на безбедноста на енергетската побарувачка и понуда.

„Пред Турција е нова ера. Оваа година имавме откритие кое со години го посакувавме и баравме. Во тек се калкулациите и сето тоа ќе го сместиме во систем“, изјави Донмез.

Истакнувајќи дека тоа не значи дека Турција во еден момент ќе се откаже од комплетниот увоз на гас, Донмез истакна дека откритието на резерви на гас, а можеби и нафта во Црното Море и Средоземното Море, значајно ќе ја намали зависноста на таа земја за увоз на енергенти.

„Долгорочна цел ни е да стекнеме енергетска независност. Тоа би било исклучително важно за силната турска економија“, изјави Донмез.

Истакна дека откривањето на резерви на природен гас теоретски ќе ја доведе Турција во позиција да ги намали трошоците од увоз и од цените по кои ги увезува тие енергенти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın