Турција

Турскиот и авганистанскиот министер за надворешни работи разговараа за мировниот процес во Авганистан

Двајцата претставници разговараа за мировниот процес во Авганистан. Посебно се осврнаа на претстојната мировна конференција во Истанбул, чиј датум на одржување допрва треба да биде објавен

Şerife Çetin   | 11.04.2021
Турскиот и авганистанскиот министер за надворешни работи разговараа за мировниот процес во Авганистан

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес телефонски разговараше со својот авганистански колега Мухамад Ханиф Атмар, наведоа турски дипломатски извори, јавува Агенција Анадолија (АА).

Двајцата претставници разговараа за мировниот процес во Авганистан. Посебно се осврнаа на претстојната мировна конференција во Истанбул, чиј датум на одржување допрва треба да биде објавен.

Претставниците на талибанците и Владата на Авганистан се наоѓаат во ќор-сокак во мировните преговори со кои требаше да стават крај на децениската војна и да осмислат начин за повоеното авганистанско општество.

Турција целосно го поддржа процесот на дијалогот и е во контакт со сите релевантни страни, со цел намалување на насилствата во земјата зафатена со војна.

Чавушоглу минатиот месец изјави дека е потребен сеопфатен прекин на огнот за постигнување политички договор во Авганистан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın