Турција

Турската полиција приведе 36 припадници на ФЕТО

Обвинителите во централната област Коња издадоа налози за приведување на 10 осомничени лица како дел од истрагата за инфилтрација на ФЕТО во турските вооружени сили, вели извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.

Mustafa Güngör   | 16.04.2021
Турската полиција приведе 36 припадници на ФЕТО

ИЗМИР/КОЊА

Полицијата во Турција приведе 36 осомничени лица поради наводи за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).

Обвинителите во централната област Коња издадоа налози за приведување на 10 осомничени лица како дел од истрагата за инфилтрација на ФЕТО во турските вооружени сили, вели извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.

Полицијата спроведе истовремени операции низ седум области и приведе седум осомничени лица, вели изворот, додавајќи дека операциите за фаќање на останатите осомничени е во тек.

Полицијата исто така приведе 29 осомничени лица за време на истовремени операции во западната област Измир, вели друг извор.

Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 лица.

ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın