Турција

Турската полиција заплени слика на Исусовото распетие стара 800 години

Во рамките на борбата против криумчарењето историски артефакти, а врз база на разузнавачки сознанија, турската полиција во Кајсери изврши претрес на деловен простор и ја заплени вредната слика

Ramazan Kaya   | 20.02.2019
Турската полиција заплени слика на Исусовото распетие стара 800 години (Foto: Ramazan Kaya/ AA)

Kayseri

КАЈСЕРИ (АА) - Турската полиција пронајде и од криумчари заплени слика на Исусовото распетие за која се претпоставува дека датира од 13 век, јавува Anadolu Agency (AA).

Во рамките на борбата против криумчарењето историски артефакти, а врз база на разузнавачки сознанија, турската полиција во Кајсери изврши претрес на деловен простор и ја заплени вредната слика.

Станува збор за слика со димензии 200x140 сантиметри, на која е прикажано распетието на Исус, и една жена и двајца мажи како тажно го набљудуваат тоа.

На сликата се наоѓа и текст напишан со латинско и хебрејско писмо.

Прелиминарните проценки на стручњаците велат дека станува збор за слика која датира од 13 век.

Сопственикот на објектот и осомничениот криумчар е приведен и е предаден на правосудните органи за понатамошно процесуирање.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın