Турција

Туркије: Уапсени 10 лица при обид нелегално да преминат во Грција, меѓу нив и внуката на Ѓулен

„Потврдено е дека помеѓу уапсените се наоѓаат 5 припадници на ФЕТО, вклучително Сумеје Ѓулен, внуката на водачот на терористите, Фетула Ѓулен“, соопшти турското Министерство за одбрана

İsa Toprak   | 23.06.2022
Туркије: Уапсени 10 лица при обид нелегално да преминат во Грција, меѓу нив и внуката на Ѓулен

АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Туркије соопшти дека граничните служби уапсиле 10 осомничени лица кои се обиделе на нелегален начин да преминат во Грција, и дека меѓу нив е и Сумеје Ѓулен, внука на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството е наведено дека граничните служби фатиле 10 лица за време на обид незаконски да преминат во Грција.

„Потврдено е дека помеѓу уапсените се наоѓаат 5 припадници на ФЕТО, вклучително Сумеје Ѓулен, внуката на водачот на терористите, Фетула Ѓулен“, наведено е во соопштението.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД) и чија екстрадиција Туркије официјално ја побара од САД.

Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, припадниците на ФЕТО, со монтиран процес за наводна корупција, во правосудството на Туркије се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч, што го изведоа офицерите на ФЕТО инфилтрирани во турската војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Туркије, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските претставници. Во текот на обидот за државен удар во Туркије загинаа 251, а ранети беа 2.734 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.