Туркије: Продолжува борбата за гаснење на пожарот во Мармарис
- Шумскиот пожар кој избувна во местото Мармарис во турската област Мугла се гаси од воздух и од копно

МУГЛА (АА) - Шумскиот пожар кој избувна во местото Мармарис во турската област Мугла се гаси од воздух и од копно, известува Агенција Анадолија (АА).
Пожарот кој започна на 21 јуни од засега неутврдени причини, продолжува да беснее во шумското подрачје на локацијата Бердубет во Хисарону.
Шумски работници и пожарникари во текот на ноќта интервенираа во гаснењето на пожарот од копно.
Од првите утрински часови пожарот почна да се гаси и од воздух.
Екипите интензивно работат на гаснењето на пожарот.
Министерот за земјоделство и шумарство, Вахит Киришчи и министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, ја следат работата од кризниот штаб.