Турција

Терорист на ПКК по пет години одлучи да се врати на своето семејство

О. Ц. пред пет години е однесен во редовите на терористичката организација ПКК, а откако во медумите ги видел протестите на мајките во Дијарбакир, одлучил да ја напушти ПКК

Selman Tür   | 20.02.2020
Терорист на ПКК по пет години одлучи да се врати на своето семејство

БАТМАН (АА) - Уште двајца припадници на терористичката организација ПКК се предадоа на турските безбедносни сили. Откако се предал, терористот О. Ц. денеска се сретна со неговото семејство во турскиот град Батман, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во Дијарбакир продолжува протестот на семејствата пред седиштето на Народната демократска партија (HDP), на кој мајките бараат да им се вратат децата кои се однесени во терористичките кампови. Протестите започнаа на 3 септември минатата година, а пред седиштето на ХДП во моментот се наоѓаат повеќе десетици семејства.

О. Ц. пред пет години е однесен во редовите на терористичката организација ПКК, а откако во медумите ги видел протестите на мајките во Дијарбакир, одлучил да ја напушти ПКК. Заедно со него, на безбедносните сили се предаде и неговата невенчана сопруга, сириската државјанка Ф. М..

По објавената криминалистичка обработка во зградата на полицијата во Батман, на О. Ц. му беше дозволено да се сретне и да поразговара со родителите. Тоа беше емотивна средба.

По објавената криминалистичка обработка, О. Ц. и Ф. М. се изведени пред суд, а потоа со мерки на забрана се пуштени на слобода.

На социјалните мрежи активна е и кампања за поддршка на мајките кои протестираат во Дијарбакир. Мајките од Дијарбакир ја обвинуваат партијата ХДП за врбување и регрутирање на малолетниците и младите лица во терористичките кампови на ПКК на југоисточниот дел на Турција. Мајките поради тоа го продолжуваат протестот кој го иницираше Февзије Четинкаја.

На 3 септември мајката Четинкаја започна мирен протест пред зградата на ХДП, а со неа тогаш беа сопругот Шахап и нивните четири деца. Потоа и Омер Т. и Ремзије А. дојдоа пред седиштето на ХДП и го поддржаа протестот на Четинкаја и нејзиното семејство, тврдејќи дека терористичката група ПКК ги киднапирала и нивните деца.

ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на списокот терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

Партијата Народната демократска партија (HDP) се товари за поврзаност со терористите на ПКК, а повеќе челници на партијата се обвинети за ширење терористичка пропаганда и за помош на терористите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın