Турција

Телефонски разговор на Чавушоглу со високиот преставник на ЕУ, Борел, за Палестина

Во телефонскиот разговор Чавушоглу и Борел се осврнале на односите на Турција и ЕУ и на стопирањето на плановите за злосторства и окупација на Израел во Палестина

Zuhal Demirci   | 23.05.2020
Телефонски разговор на Чавушоглу со високиот преставник на ЕУ, Борел, за Палестина

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија (ЕУ) , Жозеп Борел, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите добиени од дипломатски извори, во телефонскиот разговор Чавушоглу и Борел се осврнале на односите на Турција и ЕУ и на стопирањето на плановите за злосторства и окупација на Израел во Палестина.

- Планот на Израел за „анексија“ на Западниот Брег -

Се очекува Израел да ја спроведе анексијата на 1 јули. Планот за анексија е дел од таканаречениот „Договор на векот“ на американскиот претседател Доналд Трамп, што беше објавен на 28 јануари. Според планот, Ерусалим е неделива престолнина на Израел, а се признава и израелскиот суверенитет над голем дел од Западниот Брег.

Планот предвидува формирање палестинска држава во форма на архипелаг, поврзан со мостови и тунели.

Палестинските власти велат дека според планот на САД, Израел ќе анектира 30 - 40 отсто од Западниот Брег, и целиот Источен Ерусалим.

Во својот говор пред Собранието, на 17 мај пред заклетвата на коалициската Влада, Нетанјаху рече дека е време за анексија на нелегалните еврејски населби на Западниот Брег.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın