Турција

Со повлекување на водата од вештачко езеро, „исплива“ потопено село

Најпрвин на површината се покажа целото минаре од селската џамија, а потоа и остатоци на останатите објекти

Ekipa   | 13.08.2019
Со повлекување на водата од вештачко езеро, „исплива“ потопено село

АГРИ (АА) - СИТКИ ЈИЛДИЗ/ХУСЕИН ЈИЛДИЗ -

Со намалување на нивото на водата во вештачкото езеро во источната турска покраина Агри, „исплови“ некогашното село Башчавуш, потопено со изградбата на брана во 1990-тите години, пишува Anadolu Agency (AA).

Фоторепортерот на АА забележа кадри од намалувањето на нивото на водата во езерото на браната „Јазиџи“ за околу 5 метри.

Најпрвин на површината се покажа целото минаре од селската џамија, а потоа и остатоци на останатите објекти.

Некогашните жители на селото го посетуваат местото и евоцираат спомени од некогашната зграда на амбулантата, од други објекти и од мостот.

Оваа локација, исто така е интересна за вљубениците во фотографијата, како и за бројни туристи кои доаѓаат со цел да ги видат остатоците на селото, но и да ги слушаат приказните на некогашните мештани.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın