Турција

Сојлу: „Турција оваа година им зададе огромен удар на терористите“

- Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека Турција досега оваа година спречила 152 терористички напади од страна на ДЕАШ

Fahri Aksüt   | 24.09.2020
Сојлу: „Турција оваа година им зададе огромен удар на терористите“

АНКАРА 

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека Турција досега оваа година спречила 152 терористички напади од страна на ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во ексклузивно интервју за турска телевизиска програма, Сојлу изјави дека 26,8 тони експлозивен материјал во сопственост на терористичката организација биле запленети во антитерористичките операции.

Во 2013 година Турција беше меѓу првите земји што ја ставија ДЕАШ на листата на терористички организации.

Земјата досега повеќепати беше цел на напади на ДЕАШ и тоа на најмалку 10 самоубиствени напади, 7 бомбашки напади и на 4 вооружени напади, во кои загинаа најмалку 315 луѓе, а стотици беа повредени.

Турските безбедносни сили спроведуваат одлучна борба против терористичката организација во земјата, како и надвор од неа.


- ЈПГ/ПКК

Во врска со борбата против терористичката организација ЈПГ/ПКК, Сојлу изјави дека 162 терористи на ЈПГ/ПКК го спуштиле своето оружје досега оваа година како последица на напорите за убедување на полицијата и жандармериските сили.

„Бројот на терористи кои се предадоа со напорите за убедување во текот на изминатите три години надмина 700“, изјави тој.

Во врска со протестите во Турција од страна на семејствата чии деца беа киднапирани од страна на терористите на ЈПГ/ПКК, Сојлу изјави дека тие мајки не само што се обидуваат да ги спасат нивните деца, туку исто така се борат против тероризамот и дестабилизацијата на регионот од страна на терористичките организации.

Протестот пред седиштето на ХДП во Дијарбакир започна на 3 септември минатата година, кога мајката Февзије Четинкаја започна мирен протест пред зградата на ХДП, а со неа тогаш беа сопругот Шахап и нивните четири деца. Потоа и Омер Т. и Ремзије А. дојдоа пред седиштето на ХДП и го поддржаа протестот на Четинкаја и нејзиното семејство, тврдејќи дека терористичката група ПКК ги киднапирала и нивните деца.

Протестите кои се одржуваат пред седиштето на Народната демократска партија (ХДП) во турскиот град Дијарбакир, секој ден се сѐ поголеми.

Демонстрантите ветија дека ќе продолжат со демонстрациите сѐ додека не се обединат со своите деца.

ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на списокот терористички организации на Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.


- ФЕТО

Сојлу додаде дека земјата одлучно продолжува да се бори против скриените членови на терористичката организација ФЕТО.

Тој изјави дека додека операциите против терористичката организација продолжуваат низ земјата, јавните службеници кои се сомничат за поврзаност со терористичката организација се суспендирани или отпуштени.

ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.

Терористичката ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на свои припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın