Турција

Сириско семејство од Мардин: Протетичка нога ја врати насмевката кај едно момче

- Екипата на АА направи снимки од првите чекори на Мухамед по ставањето на протетичката нога, а среќата на младото момче и насмевката на неговото лице беа непроценливи

Halil İbrahim Sincar   | 13.10.2021
Сириско семејство од Мардин: Протетичка нога ја врати насмевката кај едно момче Фото: Халил брахим Синџар / АА

МАРДИН 

Петгодишниот Мухамед Хусеин од турскиот град Мардин, чија десна нога беше ампутирана пред две години поради заостанување во развојот, доби протетичка нога благодарение на добри луѓе и ја врати насмевката на своето лице, пишува Агенција Анадолија (АА).

Мухамед е дете од сириското семејство Хусеин, кое живее во областа Кизилтипе во близина на Мардин. Пред две години му беше ампутирана десната нога и оттогаш му беше потребна протетичка нога за да може да оди.

Откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Мухамед се обидува да трча по улица со патерици, се појави хуманитарец кој сакаше да му купи протетичка нога на младиот Мухамед и, колку што е можно, да му обезбеди посреќно детство.

Медицинскиот тим и претставниците на локалната невладина организација стигнаа во домот на родителите на Мухамед. Му помогнаа да ја стави протетичката нога, по кое Мухамед, видно среќен и задоволен, повторно почна да оди.

Таткото Сабри Хусеин рече дека не може да ја опише својата среќа поради фактот што го гледа својот син како повторно оди.

„Направија протетичка нога за моето дете. Среќни сме. Мухамед е многу среќен што повторно оди. Бог да ги благослови сите оние кои помогнаа“, порача среќниот татко.

Екипата на АА направи снимки од првите чекори на Мухамед по ставањето на протетичката нога, а среќата на младото момче и насмевката на неговото лице беа непроценливи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın