Турција

Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели ѝ додели награда на Агенција Анадолија

На дводневниот Конгрес присуствуваа учесници од вкупно 92 земји, на којшто имаа излагања 132 меѓународни говорници на 24 панели, меѓу кои и ангели-инвеститори, креатори на политики, претприемачи и бизнис-лидери

Gökhan Ergöçün   | 19.02.2020
Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели ѝ додели награда на Агенција Анадолија Фото: Ahmet Bolat/AA

ИСТАНБУЛ (АА) - Агенција Анадолија доби награда од Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели (WBAF) за време на Светскиот конгрес 2020.

На дводневниот Конгрес, познат и како „Давос“ на инвестициите во рана фаза и на пазарите на капитал, присуствуваа учесници од вкупно 92 земји, на којшто имаа излагања 132 меѓународни говорници на 24 панели, меѓу кои и ангели-инвеститори, креатори на политики, претприемачи и бизнис-лидери.

Стотици делегати присуствуваа на настанот што заврши синоќа, а Агенција Анадолија беше глобален комуникациски партнер на Конгресот.

Али Туркер Пиртини, член на Одборот на Агенцијата, ја прими наградата во име на Агенција Анадолија.

Пиртини потсети дека Турција е четврта по големина земја за инвестиции на бизнис-ангелите во Европа и дека земјата ќе има уште повеќе инвестиции во областите како што се иновациите, технологијата и дигитализацијата преку ангел-инвеститорите.

Бајбарс Алтунташ, претседателот на Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели, ја пофали Агенција Анадолија како една од водечките новински агенции во светот.

„Агенцијата го покриваше Конгресот со екипа од 24 члена и придонесе преку известување за настанот на осум јазици“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.