Турција

Расцвета црната роза, која во светот расте само во Халфети, Шанлиурфа

Со доаѓањето на пролетта, расцвета црната роза, која има уникатен изглед и мирис и која во светот расте само во областа Халфети, во градот Шанлиурфа

Halil Fidan   | 16.04.2019
Расцвета црната роза, која во светот расте само во Халфети, Шанлиурфа

ШАНЛИУРФА

Со доаѓањето на пролетта расцвета црната роза, која има уникатен изглед и мирис и која во светот расте само во областа Халфети, во градот Шанлиурфа, пренесува Anadolu Agency (AA).

Црната роза со нејзината уникатна боја го привлекува вниманието на странските и домашните туристи. Поради промените на еколошката рамнотежа во областа која остана под вода како резултат на браната Биреџик, црната роза се наоѓа меѓу цвеќињата чие производство почна да се намалува.

Областа Халфети, која го привлекува вниманието на домашните и странските туристи, со своите мистични историски градби и со природните убавини кои ги поседува, во 2013 година од страна на Меѓународниот координативен комитет „Џитаслов“ беше вклучен во мрежата на „Тивок град“.

Во Халфети започнаа активности за поголемо производство на црната роза. За лесно да може да се види од страна на посетителите, црната роза почна да се одгледува во крајбрежните места во стаклени градини.

Црната роза, исто така се користи за производство на слатко, локум, парфеми, чоколада, сапун и разни видови кремови. Посетителите кои доаѓаат во градот имаат можност да купуваат производи од црната роза, и исто така и да ја видат розата која расте во стаклените градини.

Градоначалникот на Халфети, Шереф Албајрак, во изјавата за дописникот на АА потсети дека црната роза, која во светот расте само во Халфети, е тема на книгите и телевизиските серии.

Тој, исто така потенцираше дека розата пушта црн цвет во пролет и во есен.

„Во пролет црната роза почнува да пушта цветови. Секако, оваа ситуација нѐ израдува и нас. Затоа што ова време имаме голем број посетители. Луѓето сакаат да ја видат црната роза. Популарноста на оваа роза ги надмина нашите граници, и со ова растение сакаме да ги привлечеме луѓето да дојдат во регионот“, нагласи градоначалникот Албајрак.

Претседателот на Градскиот совет на Халфети, Нихат Оздал, потенцирајќи дека црната роза дава значаен придонес за туризмот во областа, рече дека расцветувањето на розата во пролет, ги израдувало луѓето што се занимаваат со туризам.











На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın