Турција

Расте поддршката за мајките од Дијарбакир: Гласот на мајките мора да се слушне

Мајките утринава ги посети и претседателот на Меѓународното здружените за човекови права и демократија, Ремзи Чајир, кој порача дека природно и човеково право на секоја мајка е да биде со своето дете

Ekipa   | 11.09.2019
Расте поддршката за мајките од Дијарбакир: Гласот на мајките мора да се слушне

ДИЈАРКБАКИР (АА) - Сѐ повеќе семејства се приклучуваат на мирните протести пред седиштето на Народната демократска партија (HDP) во Дијарбакир, југоисточна Турција, на кои мајките бараат да им се вратат децата кои се однесени во терористичките кампови, јавува Anadolu Agency (AA).

Протестите започнаа на 3 септември, а пред седиштето на ХДП моментално се наоѓаат 23 семејства.

Мајките утринава ги посети и претседателот на Меѓународното здружените за човекови права и демократија, Ремзи Чајир, кој порача дека природно и човеково право на секоја мајка е да биде со своето дете.

„Никој не смее да биде глув на гласот на мајката“, порача Чајир.

Тој ги повика претставниците на ХДП да се дистанцираат од употребата на оружје и користењето на децата во терористички цели.

„Зошто ги земате децата? Што ќе решите со користење на малолетни деца?“, запраша Чајир.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, претходно ги поддржа мајките и семејствата кои протестираат пред седиштето на ХДП во Дијарбакир.

„Ние сме покрај мајките. Државата прави сѐ што може. Терористите бегаат, а ние ги прогонуваме. Порано или подоцна сите ќе одговараат“, порача Ердоган.

Паралелно со тоа, познатиот турски актер Ахмед Јенилмез ги посети мајките кои протестираат пред зградата на ХДП и во знак на поддршка им подели црвени рози.

Голем број турски уметници на социјалните мрежи упатија пораки за поддршка на мајките во Дијарбакир.

На социјалните мрежи е покрената и кампања за поддршка на мајките од Дијарбакир.

Мајките ја обвинуваат партијата ХДП за врбување и носење на малолетници и младите лица во терористичките кампови на ПКК во југоисточниот дел на Турција. Поради тоа, мајките го продолжуваат протестот кој го започна Февзије Четинкаја.

Четинкаја има 11 деца, а на 30 август во полиција пријави дека активистите на ХДП го киднапирале и во терористички камп го однеле нејзиниот син С. Четинкаја.

Мајката Четинкаја на 3 септември започна мирен протест пред зградата на ХДП, а со неа тогаш беа и сопругот Шахап и нивните четири деца. Подоцна Омер Т. и Ремзије А., исто така дојдоа пред седиштето на ХДП и го поддржаа протестот на Четинкаја и нејзиното семејство, тврдејќи дека терористичката организација ПКК ги киднапирала и нивните деца.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.

Партијата ХДП се товари за поврзаност со терористите на ПКК, а повеќе високи претставници на таа партија се обвинети за ширење на терористичка пропаганда и пружање помош на терористите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın