Турција

Расте извозот на калинката од Турција

- Во периодот јануари - септември извозот на калинката од Турција изнесуваше околу 69 милиони долари - Бербата на калинката почнува со појавата на првите сончеви зраци, а завршува, како што велат работниците, „кога камионот е полн“

Yusuf Şahbaz   | 13.10.2021
Расте извозот на калинката од Турција Фото: Мехмет Емин Менгуарслан / АА

ИЗМИР (AA)

- Јусуф Шахбаз

Извозот на калинката во Турција во периодот јануари - септември оваа година е зголемен за 19 отсто во однос на истиот период минатата година и изнесува речиси 69 милиони долари.

Внимание во производството на калинката особено привлекува местото Селџук, во турската област Измир. Тука годишно се одгледуваат околу 9.000 тони калинка, а околу 70 отсто се извезува.

Бербата на калинката почнува со појавата на првите сончеви зраци, а завршува, како што велат работниците, „кога камионот е полн“.

Податоците на Унијата на извозници од Егејскиот Регион покажуваат дека извозот на калинката во Турција во 2020 година изнесувал рекордни 126 милиони долари.

Во првите девет месеци од оваа година извозот е поголем за 19 отсто во однос на истиот период минатата година и изнесува 68,96 милиони долари. Калинката најмногу е извезена во Ирак (20 милиони долари), а потоа следуваат Русија (17,2 милиони долари) и Германија (6,4 милиони долари).

Членот на Управниот одбор на Унијата на извозници на сезонско овошје и зеленчук во Егејскиот Регион, Хајретин Учак, рече дека извозот на калинката оваа сезона почнал брзо.

Потсети дека сезоната почнала во август.

„Извозот и во периодот август - септември е зголемен од 4,8 милиони долари на 6,2 милиони долари. Со продолжувањето на бербата и со приближувањето на зимскиот период, тоа додатно ќе се забрза. Со оглед дека калинката може да се складира, можно е сезоната и да продолжи“, рече Учак.

Минатата година целта беше 125 милиони долари, што е и остварено. Всушност, соборен е рекордот.

„Голема заслуга имаат нашите произведувачи и извозници. Оваа година родот е помал во однос на минатата година, но квалитетот е многу подобар. Оваа година целта е 140 милиони долари. Се надевам дека и ќе ја оствариме. Се надеваме на извоз на новите пазари и полесно остварување на таа цел“, рече Учак.

Сулејман Озлер од областа Селџук, 16 години се занимава со одгледување на калинката. Во разговор за АА рече дека дошло до одреден пад на родот во однос на минатата година, но дека се задоволни со откупот на цената.

Многумина земјоделци на тоа подрачје се ориентираа на производство на калинка.

„Произведувачите заработуваат и затоа производството на калинка продолжи. Калинката со изразена црвена боја која се одгледува на ова подрачје, во најголем дел се извезува. Ваква боја, ваков квалитет нема во ниту еден друг регион“, смета Озлер.

Озден Торту калинка произведува на површина од околу 200 дулуми. Истакнува дека оваа година се задоволни со откупните цени, иако родот е помал.







На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın