Турција

Продолжува потрагата по новинарот на Anadolu Agency

Во обид да фотографира, Нишанџи застанал на снежна маса која се скршила, при што паднал во провалија

Veysel Kara   | 12.05.2019
Продолжува потрагата по новинарот на Anadolu Agency

БАЈБУРТ (АА) - Потрагата по репортерот на Anadolu Agency (AA), Абдулкадир Нишанџи, кој во петокот падна во провалија во текот на следењето на работите на патот меѓу турските градови Бајбурт и Трабзон, продолжува и денес.

Екипата од 210 припадници на Агенцијата за вонредни состојби (AFAD), припадниците на турските безбедносни сили, итната помош и други, која и вчера интензивно трагаше по новинарот на АА, од утринските часови повторно е на терен.

На терен се тимови од Бајбурт, Трабзон, Ризе, Ерзурум, Ѓумушхане и од Анкара.

Нишанџи беше на новинарска задача на планината Соганли, висока 3.500 метри, каде што ги следеше работите на патот кој ги спојува градовите Бајбурт и Трабзон. Планинарите ги пронајдоа неговите фотоапарат и статив на околу 60 метри под местото од коешто паднал.

Во обид да фотографира, Нишанџи застанал на снежна маса која се скршила, при што паднал во провалија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın