Турција

По тешката обука, турските жени командоси подготвени за најсложените задачи

Подофицерките, кои ја сочинуваат групата на жандармериски командоси, ги поминаа тешките психофизички тренинзи во рамките на кои минаа повеќе од два месеца под отворено небо

Halil Fidan   | 14.02.2020
По тешката обука, турските жени командоси подготвени за најсложените задачи Фото: Halil Fidan/AA

ИЗМИР (АА) - ХАЛИЛ ФИДАН -

Турските подофицерки ги чекаат своите први задачи и нови предизвици по поминувањето на тешката обука во Командното училиште и тренинг-центарот за жандармериски командоси во измирскиот дистрикт Фоча, јавува Агенција Анадолија (AA).

Вкупно 20 жени доброволци ја завршија 20-неделната обука што ја започнаа во септември минатата година.

Подофицерките, кои ја сочинуваат групата на жандармериски командоси, ги поминаа тешките психофизички тренинзи во рамките на кои минаа повеќе од два месеца под отворено небо.

Жените командоси покажаа посебно рафинирани вештини при ракување со најразлични видови оружје, а со врзани очи за неколку секунди склопуваат и расклопуваат пиштоли и пушки.

Обуката вклучуваше и теоретски часови и тренинзи од полето на првата помош, читање карти, антитерористички акции, неутрализирање минско-експлозивни направи и други вештини потребни за извршување на жандармериските задачи.

Подофицерите се стекнаа со потребното знаење и вештини за извршување на задачите во мирнодопски и воени услови, како и во сите екстремни околности.

Храбрите подофицерки ја сочинуваат првата женска група командоси на жандармеријата.

Подофицерката Мерве Четин за АА изјави дека доброволно им се придружила на колешките за да ѝ служи на својата татковина, но и да му покаже на татко ѝ дека нема причина да биде тажен што нема син за да го испрати во војска.

„Сакав да му покажам на татко ми дека воениот повик не е ексклузивно резервиран за мажи, туку дека и жените можат да го извршуваат со голем успех“, рече Четин.

Истакнувајќи дека обуката била исклучително тешка, таа рече дека секогаш повторно станувала на нозе бидејќи командосите одат таму каде што другите велат дека е сè готово.

А подофицерката Су Јилдиз рече дека е подготвена за извршување на задачите на сите места каде што се виори турското знаме.

„Не сме обучувани само да ја добиеме титулата командоси, туку да бидеме подготвени во секој час да ја извршуваме секоја доверена задача“, порача Јилдиз.

Подофицерките Ајшенур Киличал и Сема Бекдемир велат дека тие доброволно се пријавиле во единицата за жени командоси за да покажат за што сè се подготвени, затоа што силата и издржливоста, како што рекоа, ја црпат од благородната крв што тече низ вените на Турчинките.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın