Турција

Портпаролот на турското Претседателство, Калин: „Расизмот е колективен карцином“

„Очекуваме германските власти да направат максимални напори за да го расветлат случајот“

Mehmet Tosun   | 20.02.2020
Портпаролот на турското Претседателство, Калин: „Расизмот е колективен карцином“

АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, во однос на вооружениот напад во германскиот град Ханау, во којшто, меѓу другите, животот го загубија и Турци, истакна дека очекува германските власти да направат максимални напори за да се расветли случајот и дека расизмот е колективен карцином, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Калин во изјавата објавена преку Твитер посака божја милост за граѓаните што ги загубија животите во расистичкиот напад во Германија, а на повредените им посака брзо оздравување.

„Очекуваме германските власти да направат максимални напори за да го расветлат случајот. Расизмот е колективен карцином“, нагласи портпаролот Калин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın