Турција

Песочните лилјани ги красат бреговите на турска Сакарја: Редок цвет со прекрасен мирис

„Се обидуваме да го заштитиме. Во исто време, нашата цел е да го прошириме на целиот брег на Коџаали. Песочниот лилјан, исто така наречен морски нарцис, го краси нашиот брег во средината на летната сезона“

İbrahim Yozoğlu,Davut Genç   | 19.07.2021
Песочните лилјани ги красат бреговите на турска Сакарја: Редок цвет со прекрасен мирис

САКАРЈА (АА) - ИБРАХИМ ЈОЗОГЛУ / ДАВУТ ГЕНЦ -

Песочните лилјани, вид загрозен цвет, ги красат плажите во областа Коџаали, во турската област Сакарја, и ги пленат посетителите со својот изглед и мирис.

Песочните лилјани го красат крајбрежјето, кое на места достигнува ширина до 150 метри. Со цел да се заштити овој редок цвет, на неколку места на крајбрежјето е истакнато предупредување до посетителите дека не треба да се берат овие цвеќиња и дека казните за берење се околу 60.000 лири (околу 6.000 евра).

Градоначалникот на Коџаали, Ахмет Аџар, за Агенција Анадолија (АА) изјави дека песочните лилјани можат да се видат на бреговите на Средоземното и Црното Море или во заштитените области.

Според него, овие цвеќиња може да се видат од средината на јули до крајот на август.

„Се обидуваме да го заштитиме. Во исто време, нашата цел е да го прошириме на целиот брег на Коџаали. Песочниот лилјан, исто така наречен морски нарцис, го краси нашиот брег во средината на летната сезона“, рече Аџар.

Тој додаде дека овие цвеќиња може да се садат со помош на луковици и дека песочни лилјани се наоѓаат и на градежно земјиште, од каде што ги пренесуваат во деловите каде што ќе бидат заштитени.

„Значи, започнавме активности така што овие цвеќиња да бидат застапени на целиот брег на Коџаали, кој е долг 14 километри. Постигнавме позитивни резултати. Пред две години засадивме песочни лилјани во пошироката област. Тие цветаа минатата година, а и оваа година почнуваат да цветаат, што особено нè радува. Брегот на Коџаали е особено убав за време на цветањето на песочните лилјани“, рече Аџар.

Директорката за контрола и заштита на животната средина на Коџаали, Есра Парилди, изјави дека прават обиди да ги заштитат овие цвеќиња.

Таа додаде дека песочните лилјани од градежното земјиште се извадени во април и октомври и се пресадуваат во заштитените подрачја.

„Ние се обидуваме да ги засадиме овие цвеќиња со многу пријатен мирис на што поголем дел на брегот на Коџаали во должина од 14 километри“, истакна Парилди.

Таа ги повика граѓаните и посетителите да не ги берат овие цвеќиња и да не ги газат.

„Ова се многу ретки растенија и бидејќи се луковици, немојте да ги берете. За берење е предвидена и казна. Особено повикуваме да не се берат во времето на цутење, бидејќи тие се многу ретки и не растат повторно и се обидуваме да ги зачуваме“, рече таа.

Додаде дека избрале пет зони на крајбрежјето каде што се обидуваат да го прошират овој вид цвеќе, а поставени се и табли за подигнување на свеста кај жителите и другите посетители.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın