Турција

Неутрализирани пет терористи во југоисточна Турција

Жандармериските сили извршиле антитерористичка операција во руралното подрачје на Сирт

Erdoğan Çağatay Zontur   | 22.09.2019
Неутрализирани пет терористи во југоисточна Турција

АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа пет терористи во југоисточната турска област Сирт, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението издадено од турското Министерство за внатрешни работи се вели дека жандармериските сили извршиле антитерористичка операција во руралното подрачје на Сирт.

„Безбедносните операции се во тек“, се додава во соопштението.

Иако не се споменува одредена терористичка група, Турција долго време спроведува операции против терористичката организација ПКК во регионот.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на 40.000 луѓе, вклучувајќи деца и жени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın