Турција

Невеста со потекло од Полска го најде спокојството во Турција

Каша Козловска-Шарк со потекло од Полска пред 4 години се преселила во подрачјето на Бодрум со сопругот Сулејман Шарк, кој е со потекло од Турција. Таа мирно и спокојно го продолжува нејзниниот живот во нивната куќа во природа

Ali Ballı   | 12.08.2019
Невеста со потекло од Полска го најде спокојството во Турција

МУГЛА

Али БАЛЛИ

Триесет и осумгодишната Каша Козловска-Шарк со потекло од Полска пред четири години се преселила во подрачјето на Бодрум, откако во Германија се запознала и се омажила за Сулејман Шарк, кој е со потекло од Турција. Таа мирно и спокојно го продолжува нејзниниот живот во нејзината куќа во природа, пишува Anadolu Agency (AA).

Козловска се омажила пред 18 години за нејзиниот сопруг, Сулејман Шарк, кој поседува ресторан, и со кого имаат три деца.

Козловска и Шарк пред четири години се преселиле од Германија во Бодрум, со цел на нивните деца да им овозможат подобар живот.

Невестата со потекло од Полска го продолжува својот живот на фарма во природа во местото Акчаалан, каде што се грижи за коњи, кози, гуски и патки.

Таа има многу добри односи со нејзините турски соседи, а на фармата ги осигурува потребите на животните за кои се грижи и поминува пријатни мигови со нејзините деца јавајќи коњ.

Козловска во изјавата за АА истакна дека во Турција сакаат да започнат нов живот, и дека по нејзината кариера во Германија одлучила да не работи во Турција и да се грижи за нејзините деца.

„Обожавам да живеам тука. Многу го сакам гостопримството на Турците. Исто и моите пријатели го сакаат ова место и често доаѓаат на посета“, рече таа, додавајќи дека обожава да поминува повеќе време со нејзините деца, и дека додека се грижат за животните, тие го отстрануваат стресот од себе.


- „Доколку сакаат да живеат мирно, нека дојдат во Турција“

Таа нагласи дека во Турција не се чувствува како туѓинка.

„Никогаш не се чувствувам како туѓинка кога одам во кое било место во Бодрум. Морето и климата се убави тука. Научив да подготвувам и турски јадења. Можам да направам сè што ќе посакаат. Имаме турски соседи кои ги сакаат моите јадења. Обожавам да поминувам мигови со моето семејство грижејќи се за коњите, козите и патките. Турција не може да се спореди со Германија бидејќи климата и растенијата се различни. Климатските услови тука се секогаш како лето, многу добри. Доколку сакаат да живеат мирно, нека дојдат во Турција“.

Козловска рече дека многу ја сака турската традиција, како и традициите за прославување на Бајрам.

Сопругот на Козловска, 49-годишниот Сулејман Шарк, истакна дека од Германија се вратиле во Турција со цел да живеат заедно со неговото семејство, како и за да им понудат послободен живот на нивните деца.

„Од мали години живеев во Германија. Моето семејство пред 10 години се врати во Турција. Многу е добро тука, во природа, да се поминува време со животните“, додаде Шарк.

Шарк нагласи дека некои луѓе мислат дека Турција е земја каде што не може да се живее добро и луксузно, но кога ја посетуваат Турција забележуваат дека тоа не е така и тотално им се менува нивната гледна точка кон оваа земја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.