Турција

На аеродромот „Истанбул“ започна услугата за изнајмување кабини за спиење

На аеродромот „Истанбул“ за патниците што ги чекаат летовите започна услугата на давање кабини за спиење наречена „İGA Sleepod“. Патниците ќе можат да ги изнајмат кабините

Kenan Irtak   | 12.01.2020
На аеродромот „Истанбул“ започна услугата за изнајмување кабини за спиење ( Foto: Kenan Irtak / Anadolu Agency )

ИСТАНБУЛ (АА) – На аеродромот „Истанбул“ во Турција започна да се спроведува услугата за изнајмување кабина за спиење, што ја има во многу аеродроми во странство, јавува Агенција Анадолија (АА).

На аеродромот „Истанбул“, за патниците што ги чекаат летовите започна услугата на давање кабини за спиење наречена „İGA Sleepod“. Патниците можат да ги изнајмат кабините на час.

Аеродромот „Истанбул“, кој на 6 април 2019 година почна да работи со полн капацитет, започна нова услуга за илјадниците патници што ги угостува секој ден. Компанијата ИГА, која стопанисува со аеродромот, за да ја зголеми удобноста на патниците во меѓународниот терминал ја започна услугата наречена „İGA Sleepod“.

Патниците ќе можат да ги изнајмуваат кабините за спиење за 9 евра на час. Бидејќи хигиената ќе биде на преден план, за патниците ќе бидат обезбедени чаршафи за еднократна употреба. Во случај патниците да побараат дополнителни услуги, како што се ќебиња и перница, ќе треба да доплатат уште 2 евра.

Мини кабините се дизајнирани така што да одговараат на потребите на патниците. Во внатрешноста на кабините има место за УСБ и штекер. На тој начин патниците ќе можат да ги користат електронските уреди и да ги полнат телефоните.

На дното на кабината за спиење има специјален простор каде што патникот може да го стави рачниот багаж.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.