Турција

Најмногу од 2015. досега: Оваа година во Турција фатени околу 270.000 мигранти

Турција ја продолжува борбата против нерегуларните миграции и настојува да ги спречи илегалните заминувања кон Европа. Чести се патролите на припадниците на безбедносните сили, како на копно, така и на море

Ali Korkmaz   | 17.09.2019
Најмногу од 2015. досега: Оваа година во Турција фатени околу 270.000 мигранти

ИЗМИР

Али КОРКМАЗ

Оваа година во Турција се фатени 269.059 мигранти, што е најмногу во последните неколку години. Мигрантите, Турција, поради нејзината положба, ја користат како транзитна рута кон земјите на Западот. Секоја година илјадници луѓе поради војна, глад, сиромаштија и други причини ја напуштаат својата земја и се обидуваат, во потрага за подобар живот, да стигнат до Европа, пишува Anadolu Agency (AA).

Некои се обидуваат преку Турција да преминат во Грција, но на тој пат неретко страдаат. Исто така, многумина од нив, во нивниот опасен потфат се спасени од тимовите на крајбрежните стражи.

Турција ја продолжува борбата против нерегуларните миграции и настојува да ги спречи илегалните заминувања кон Европа. Чести се патролите на припадниците на безбедносните сили, како на копно, така и на море.

Податоците на Генералната дирекција за управување со миграции покажуваат дека во Турција од 1 јануари до 12 септември 2019 година биле задржани 269.059 мигранти.

Проценките покажуваат дека овој број би можел додатно да се зголеми до крајот на годината.

Во Турција, во последните 15 години се фатени околу 1,5 милион непријавени мигранти, од тоа само минатата година 268.003.

Бројот на фатени мигранти од 2015 година изгледа вака:

Година

Број на мигранти

2015.

146.485

2016.

174.466

2017.

175.752

2018.

268.003

2019.

269.059

Оваа година се фатени 117.437 мигранти од Авганистан, 43.204 од Пакистан и 29.796 од Сирија.

Број на мигрантите фатени во 2019 година според земјите на потекло:

Земја

Број на мигранти

Авганистан

117.437

Палестина

8.168

Грузија

1.500

Ирак

8.404

Иран

5.491

Молдавија

139

Мјанмар

157

Пакистан

43.204

Сирија

29.796

Останати

54.763

ВКУПНО

269.059

Тракија е подрачје во кое се фатени најголем број мигранти. Само во Едрене досега се фатени 73.978 мигранти. Поголемиот дел од нив доаѓаат од Пакистан и Авганистан.

Кога станува збор за подрачјата на брегот на Егејското Море, во 920 интервенции се процесуирани 31.641 мигрант. Уапсени се 44 лица кои се занимавале со организација на илегални преминувања на границата. Во истиот период во Егејското Море настрадаа најмалку 28 лица.

Во Егејското Море минатата година беа фатени 25.398 мигранти, а 65 загинаа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın