Турција

Министерот за правда на Турција, Ѓул: „Најважната работа во Акцискиот план е правната сигурност"

Министерот Ѓул како гостин на уредничкиот деск на АА во Анкара ја коментираше актуелната ситуација во Турција и регионот, со акцент на Акциониот план за човековите права, што пред два дена го претстави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Yeşim Sert Karaaslan   | 03.03.2021
Министерот за правда на Турција, Ѓул: „Најважната работа во Акцискиот план е правната сигурност"

АНКАРА 

Турскиот министер за правда, Абдулхамит Ѓул, изјави дека Акциониот план за човековите права претставува уште еден чекор во континуитетот на реформскиот пат што владејачката Партија за правда и развој (АК Партија) го следи од основањето, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот Ѓул како гостин на уредничкиот деск на АА во Анкара ја коментираше актуелната ситуација во Турција и регионот, со акцент на Акциониот план за човековите права, што пред два дена го претстави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„На прашањето за најважната точка во Акциониот план за човековите права, би рекол дека тоа е правна сигурност“, изјави Ѓул и додаде дека плодовите од тој реформски план ги почувствувале граѓаните на сите турски градови.

Турскиот претседател Ердоган вчера изјави дека новиот граѓански устав е крајна цел на Акциониот план за човековите права на Турција, а Ѓул денес изјави дека станува збор за опсежен реформски план што ќе биде имплементиран во рок од две години.

Ѓул нагласи дека Турција, нејзиниот народ и политичките партии заслужуваат да создадат нов граѓански устав што ќе одговори на нивните потреби и дека така се завршува ерата на уставот што во минатото го пишуваа пучистите.

Истакнувајќи дека уставот им припаѓа на сите, Ѓул изјави дека во неговата изработка треба да учествуваат сите релевантни елементи на општеството.

„Сите критики се вредни. Ќе ги анализираме внимателно и ќе ги уважиме оние конструктивните. Ова не е текст на законот, туку документ пишуван со најдобри намери“, порача Ѓул и додаде дека во изработката на планот ќе учествуваат сите релевантни фактори на општеството.

Нагласувајќи дека реформата ја претставува одредената клима и менталитет во општеството, Ѓул изјави дека Акциониот план за човековите права е плод на таквиот менталитет на турското раководство.

Со Акциониот план за човековите права е најавена и измена на правилникот за политичките партии и избори, со цел јакнење на демократското учество во политичките процеси во Турција. Турскиот министер за правда, Ѓул, смета дека изборните цензуси повеќе немаат смисла.

Најавувајќи го продолжението на реформите во Турција, Ѓул изјави дека тие реформи се спроведуваат со водечкиот принцип дека народот заслужува најдобро, а не врз основа на тоа што ќе каже за тоа и каков пристап ќе има Европската Унија.

„Турција направи важни чекори со цел безвизен режим со Европската Унија, со искрен пристап на ЕУ се можни позитивни резултати“, порача Ѓул.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.