Турција

Микробиалити во езерото Ван снимени со подводна камера

Сталагмитите (микробиалити), познати како „подводни самовилски оџаци“, долги и до 23 метри, во езерото Ван, снимени се со подводна камера

Mesut Varol   | 23.06.2022
Микробиалити во езерото Ван снимени со подводна камера Фото: Тахсин Џејлан / АА

ВАН (АА) - МЕСУТ ВАРОЛ -

Сталагмитите (микробиалити), познати како „подводни самовилски оџаци“, долги и до 23 метри, во езерото Ван, снимени се со подводна камера, јавува Агенција Анадолија (АА).

Микробиалитите, кои зафаќаат површина од 2-3 километри во езерото Ван, го привлекуваат вниманието на нуркачите.


Сталагмитите (микробиалити), познати како „подводни самовилски оџаци“, долги и до 23 метри, во езерото Ван, Туркије, снимени се со подводна камера.

Директорот за подводни фотографии, Тахсин Џејлан, ги сними сталагмитите, од кои најдолгиот е 23 метри, за време на нуркањето во заливот Алтинсач со екипа од седум нуркачи.

Џејлан за Агенција Анадолија (AA) истакна дека микробиалитите можно е да се видат на различни точки во езерото Ван.

Наведувајќи дека формирањето на секој микробиалит трае со векови, Џејлан рече:

„Тие се формираат на места каде што излегува свежа вода на дното на езерото. Можеби изгледаат безживотно поради нивната структура од карпест тип, но тие се живи и постојано растат. По својата структура наликуваат на корали. Досега сме ги детектирале на многу различни места. Највисокиот е 23 метри. Станува збор за живи организми. Сличен можеме да сретнеме и во езерото Салда. Местата каде што се лоцирани мора внимателно да се заштитат. Во езерото Ван има само една нуркачка школа. Може да ги користиме и за туризмот со зголемување на бројот на школи за нуркање.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın