Турција

Летот со балон над Кападокија во првите шест месеци го пробаа над 230.000 луѓе

Пејзажот на Кападокија се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО, а погледот од балон е единствено искуство, кое секоја година привлекува илјадници туристи од целиот свет

25.08.2019
Летот со балон над Кападокија во првите шест месеци го пробаа над 230.000 луѓе Фото: Behçet Alkan/АА

НЕВШЕХИР (АА) - Кападокија, која се наоѓа во турската областа Невшехир, е популарна туристичка дестинација во Турција, а временските услови дозволуваат лет на балоните на топол воздух речиси 300 денови во годината, што привлекува голем број туристи од земјата и светот, јавува Anadolu Agency (AA).

Во првата половина од оваа година со балон на топол воздух се возеле 232.109 луѓе, а се очекува дека до крајот на годината тие бројки ќе достигнат и половина милион.

Пејзажот на Кападокија се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО, а погледот од балон е единствено искуство, кое секоја година привлекува илјадници туристи од целиот свет.

Станува збор за специфичен релјеф кој настанал од вулканска лава, која околните планини ја исфрлале пред неколку милиони години.

Туристите кои ќе соберат храброст, секое утро имаат можност со балонот да се искачат во висините над местото, кое е спој на природни и историски феномени. На небото над Кападокија во утринските часови се забележуваат и по неколку десетици балони.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın