Турција

Кај Чанаккале спасени 18 мигранти истуркани од грчките сили кон турските води

Екипите на Командата на крајбрежната стража на Турција преминаа во акција по добиената информација дека група странци се забележани во чамец на отворено море кај местото Ајваџик

Mustafa Bikeç   | 21.04.2021
Кај Чанаккале спасени 18 мигранти истуркани од грчките сили кон турските води

ЧАНАККАЛЕ - Во местото Ајваџик во турската област Чанаккале турската крајбрежна стража од водите на Егејското Море спаси 18 мигранти кои од страна на грчките елементи биле истуркани во турските територијални води, јавува Агенција Анадолија (АА).

Екипите на Командата на крајбрежната стража на Турција преминаа во акција по добиената информација дека група странци се забележани во чамец на отворено море кај местото Ајваџик.

Крајбрежната стража спроведе операција во која спаси 18 лица кои од страна на грчката крајбрежна стража биле истуркани кон турските територијални води.

По спроведените законски процедури, мигрантите му се предадени на Центарот за враќање на странци во Ајваџик.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.