Турција

Калин го критикуваше постапувањето на земјите на ЕУ кон мигрантите на море

„Најмалку 2.000 луѓе починаа поради праксата на одбивање која ја спроведуваа земјите членки на ЕУ кон мигрантите на море за време на пандемијата. Оваа вест во европските медиуми сепак нема да се најде на врвот на дневниот ред...“

Ferdi Türkten   | 06.05.2021
Калин го критикуваше постапувањето на земјите на ЕУ кон мигрантите на море

АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, ја критикуваше политиката на одбивање која ја спроведуваат земјите членки на Европската Унија (ЕУ) против мигрантите на море, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Калин на својот профил на социјалните мрежи изјави дека ова прашање не е на врвот на дневниот ред.

„Најмалку 2.000 луѓе починаа поради праксата на одбивање која ја спроведуваа земјите членки на ЕУ кон мигрантите на море за време на пандемијата. Оваа вест во европските медиуми сепак нема да се најде на врвот на дневниот ред. Со секоја беспотребна смрт на луѓето умира и човештвото“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın