Турција

Истрага против терористите на ФЕТО во Турција: Приведени 15 поранешни началници на полицијата

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција ноќта на 15 јули 2016 година

Sertaç Bulur   | 14.01.2022
Истрага против терористите на ФЕТО во Турција: Приведени 15 поранешни началници на полицијата

АНКАРА (АА) - Најмалку 15 лица се приведени во Анкара, турскиот главен град, во рамките на истрагата против инфилтрираните елементи на терористичката организација ФЕТО во турските полициски структури, јавува Агенција Анадолија (АА).

Републичкото обвинителство во Анкара издаде налог за приведување на најмалку 15 поранешни началници на полицијата за кои врз основа на изјавите на сведоците е утврдено дека се поврзани со терористичката организација и дека на различни начини имале контакт со високорангирани имиња на ФЕТО.

Во соопштението се наведува дека сите осомничени поранешни началници на полицијата биле разрешени од службата и им биле одземени нивните чинови. За време на утринските претреси се приведени 15 осомничени, додека за преостанатите четворица сѐ уште се трага.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД) и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.

Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, припадниците на ФЕТО, со монтиран процес за наводна корупција, во правосудството на Турција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч, што го изведоа офицерите на ФЕТО инфилтрирани во турската војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските претставници. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа 2.734 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın