Турција

Истанбул домаќин на Конференцијата на АСЕАН за скапоцен накит

„Извозот на Турција во земјите на АСЕАН изнесува околу 45 милиони долари“

Aysu Biçer   | 09.10.2019
Истанбул домаќин на Конференцијата на АСЕАН за скапоцен накит

ИСТАНБУЛ (АА) - Турција наредната недела во Истанбул ќе биде домаќин на Меѓународната конференција за накит и скапоцени камења, јавува Anadolu Agency (AA).

Според турското Здружение на извозници на накит, Истанбул в петок за првпат ќе биде домаќин на 8. Конференција на Асоцијацијата на нациите на Југоисточна Азија (ASEAN) - Скапоцени камења и накит.

На Конференцијата ќе се соберат 35 земји од Азија, вклучувајќи ги Брунеј, Камбоџа, Лаос, Малезија, Мјанмар, Филипини, Тајланд и Виетнам.

„Сите земји што се сметаат за водечки производители на накит се наоѓаат на истокот на светот“, се вели во соопштението на Мустафа Камар, претседателот на Здружението на извозници на накит.

Тој изјави дека на Конференцијата ќе се соберат претставници од пазарот на накит во вредност од 500 милијарди долари, нагласувајќи дека Конференцијата на АСЕАН е голема можност за Турција да го зголеми нејзиниот удел на пазарот во светскиот сектор за накит.

„Извозот на Турција во земјите на АСЕАН изнесува околу 45 милиони долари“, рече тој, „иако земјата има долг пат за да го зголеми својот удел во увозот на накитот во овие земји.“

Камар изјави дека Турција минатата година извршила извоз на накит во вредност од 4,4 милијарди долари, додавајќи дека Турција е рангирана меѓу првите пет најголеми пазари со накит во однос на обемот на производството, квалитетот на работата и силниот капацитет за дизајн.

„Доколку бариерите со кои се соочуваат турските производители на накит можеа да бидат отстранети, Турција секоја година би постигнувала рекорд“, додаде тој.

Членовите на АСЕАН почнуваат да се сметаат за важен конкурент во секторот за накит.

Тајланд, Мјанмар, Индонезија, Малезија и Сингапур се сметаат за главни важни индустрии кои се богати со скапоцени камења и ресурси за накит, развивајќи индустрија за производство на накит и тргувајќи со кинески накит.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın