Турција

Истанбул: Во тек се завршните работи од изградбата на џамијата на „Таксим“

Станува збор за џамија чиј камен-темелник беше поставен на 17 февруари 2017 година, а проектот за новата убавица на Босфорот го потпишаа архитектите Шефик Биркије и Селим Даламан

Hikmet Faruk Başer   | 14.01.2021
Истанбул: Во тек се завршните работи од изградбата на џамијата на „Таксим“ Фото: Muhammed Enes Yıldırım/AA

ИСТАНБУЛ (АА) - ХИКМЕТ ФАРУК БАСЕР -

Во тек се завршните работи на новоизградената џамија на истанбулскиот плоштад „Таксим“, која за молитва би требало да биде отворена веќе за Рамазан, односно во првата половина на април годинава, јавува Агенција Анадолија (AA).

Станува збор за џамија чиј камен-темелник беше поставен на 17 февруари 2017 година, а проектот за новата убавица на Босфорот го потпишаа архитектите Шефик Биркије и Селим Даламан.

Џамискиот комплекс се наоѓа до платото на „Таксим“, а работите не беа прекинати ниту за време на пандемијата, со почитување на епидемиолошките мерки и препораки.

Завршени се 95 проценти од градежните работи, а преостанатите работи на подните и ѕидните облоги на приземјето и на првиот кат на објектот се при крај.

Во тек се и завршните декоративни работи, а главната купола е завршена. Направена е и главната влезна врата изработена од челик.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın