Турција

Изминатата недела во Турција задржани над 1.770 илегални мигранти

Турција е главна рута за илегалните мигранти кои се обидуваат да преминат во Европа, особено од 2011 година, кога започна сириската граѓанска војна

Ali Murat Alhas   | 17.02.2020
Изминатата недела во Турција задржани над 1.770 илегални мигранти

АНКАРА (АА) - Турските сили фатија 1.773 илегални мигранти низ Турција во текот на минатата недела, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турција е главна рута за илегалните мигранти кои се обидуваат да преминат во Европа, особено од 2011 година, кога започна сириската граѓанска војна.

Турската северозападна област Едрене, соседна Грција и Бугарија, остануваат клучна рута за мигрантите кои се обидуваат да влезат во Европа по илегален пат. Само во текот на оваа недела, од страна на безбедносните сили се фатени 700 лица.

Во западните покраини Баликесир и Чанаккале се задржани 563 мигранти при обид да стигнат во Европа по морски пат.

Во Истанбул се задржани 135, а во западните области Измир и Ајдин 162 илегални мигранти.

Во јужните области Килис и Османије, западните области Текирдаг, Киркларели и Коџаели и источната област Ван се фатени 231 мигранти.

Сите мигранти фатени во текот на изминатата недела се однесени или во болница на лекување или се префрлени во Канцелариите за миграции во областите.

Стотици илјади илегални мигранти се обидуваат да преминат во Европа секоја година, како последица на економските потешкотии или конфликтите во нивните матични земји.

Турските безбедносни сили ги стопираат поголемиот дел илегални миграции во согласност со договорите со нивните европски колеги.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın