Турција

Започна испораката на одбранбениот систем S-400

Претседателството за одбранбена индустрија при Кабинетот на претседателот на Турција соопшти дека првата фаза од испораката на одбранбениот систем „S-400“, кој Турција го набавува од Русија, започнала денес

Merve Özlem Çakır   | 12.07.2019
Започна испораката на одбранбениот систем S-400

АНКАРА (АА) - Претседателството за одбранбена индустрија при Кабинетот на претседателот на Турција соопшти дека првата фаза од испораката на одбранбениот систем „S-400“, кој Турција го набавува од Русија, започнала денес со слетувањето на првиот авион во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението од Претседателството за одбранбена индустрија при Кабинетот на претседателот на Турција, во рамките на проектот „Систем за противвоздушна одбрана од долг опсег и ракетна одбрана“ денеска започнала првата фаза од испораката на „S-400“ со слетувањето на првиот авион во Анкара.

Испораките на делови од системот ќе продолжат во наредните денови. Откако системот целосно ќе биде подготвен, ќе почне да се користи како што ќе определат надлежните органи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın