Турција

Есенски пејзажи во градот на цивилизациите Дијарбакир

- Со есенски бои се покриени и ѕидините на Дијарбакир, кои се на Листата на светско културно наследство на УНЕСКО, како и градините Хевсел, каде што се практикува земјоделство веќе 8.000 години

Ömer Yasin Ergin   | 25.11.2021
Есенски пејзажи во градот на цивилизациите Дијарбакир Фото: Омер Јасин Ергин / Агенција Андолија

ДИЈАРБАКИР 

Природата во турски Дијарбакир, познат како град на цивилизациите, со доаѓањето на есенската сезона нуди прекрасни пејзажи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Историските места во градот додадоа убавина со околните места каде што доминираат жолтата, кафеавата и зелената боја.

Уникатните есенски пејзажи во историските места во градот, особено во местото Онгозлу, кое ги поврзува двете страни на реката Диџле, ги фасцинира оние кои доаѓаат.

Со есенски бои се покриени и ѕидините на Дијарбакир, кои се на Листата на светско културно наследство на УНЕСКО, како и градините Хевсел, каде што се практикува земјоделство веќе 8.000 години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın