Турција

Ердоган: „Турција ќе ја донесеме на највисоко ниво на глобален, политички и економски систем“

„Ние не само што се бориме против пандемијата во тековниот период низ кој поминуваме, туку и се подготвуваме да ја однесеме Турција на највисоко ниво на глобалниот, политичкиот и економскиот систем“

Sena Güler   | 20.01.2021
Ердоган: „Турција ќе ја донесеме на највисоко ниво на глобален, политички и економски систем“

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека турската Влада се подготвува да ја однесе земјата на највисоко ниво на глобалниот, политичкиот и економскиот систем во време на тековната борба против епидемијата на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Ние не само што се бориме против пандемијата во тековниот период низ кој поминуваме, туку и се подготвуваме да ја однесеме Турција на највисоко ниво на глобалниот, политичкиот и економскиот систем“, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган пред покраинските конгреси на неговата владејачка Партија за правда и развој (АК) преку видеоконференција од претседателскиот комплекс.

„Секој изминат ден има отворање или церемонија за започнување нови проекти“, истакна Ердоган и рече дека „возбудата од нови почетоци“ ќе продолжи да се доживува со понатамошните проекти за развој на земјата.

Тој рече дека за време на викендот, три брани и погон за вода за пиење ќе бидат отворени во југоисточната област Дијарбакир, а фрегата ќе биде лансирана во морето кај Истанбул.

Првиот брод од I класа произведен во турската Национална програма за воени бродови МИЛГЕМ (MILGEM) ќе биде лансиран на 23 јануари.

Истанбулската фрегата долга 113 метри се очекува да биде испорачана на Командата од поморските сили на Турција во 2023 година што ќе врши напредна противвоздушна и површинска воена одбрана, подводна воена одбрана и патролни активности.

Ердоган додаде дека клучевите од новоизградените куќи исто така ќе им бидат доставени на нивните сопственици, коишто останаа без покрив над главата во силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени што ја погоди источна област Елазиг во јануари 2020 година, што одзеде 41 живот и во кој беа повредени околу 1.600 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.