Турција

Ердоган: „Турција потроши повеќе од 37 милијарди долари на бегалците"

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган напомена дека ширум светот постојат околу 260 милиони мигранти, преку 68 милиони раселени лица и повеќе од 25 милиони бегалци.

Faruk Zorlu   | 20.02.2019
Ердоган: „Турција потроши повеќе од 37 милијарди долари на бегалците"

Ankara

АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција сама нема да може да се соочи со можен нов мигрантски бран, јавува Anadolu Agency (AA).

Во обраќањето на 6. Министерска конференција во рамките на Будимпештанскиот процес, во Истанбул, Ердоган истакна дека изградбата на високите ѕидови со бодликава жица не е решение да се спречат илегални миграции.

Турскиот претседатело напомена дека ширум светот постојат околу 260 милиони мигранти, преку 68 милиони раселени лица и повеќе од 25 милиони бегалци.

Тој стакна дека Турција потроши повеќе од 37 милијарди долари сопствени национални ресурси за згрижување на бегалците.

„Ние во текот на осум години прифативме 4 милиони луѓе, додека некои земји кои поседуваат поголеми економски можности се јадат меѓусебно за да не прифатат 100-150 бегалци", рече Ердоган.

Додаде дека некои политичари во Европа со реторика против мигрантите се обидуваат да освојат гласови на граѓаните.

„Европските политичари, посебно расистичките партии, се обидуваат да дојдат на власт, искажувајќи непријателство кон бегалците", рече турскиот претседател.

Министерската конференција во рамките на Будимпештанскиот процес е форум кој повеќе од 25 години собрира бројни земји и меѓународни организации во врска со прашањето на миграциите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın