Турција

Ердоган: „Нека овој Курбан бајрам биде можност за ослободување и будење на муслиманите"

Ердоган истакна дека отворањето на џамијата „Аја Софија" (Ayasofya-i Kebir Cami-i Şerifi) за намаз на 24 јули дополнително ја зголеми бајрамската радост и среќа на муслиманите

Zafer Fatih Beyaz,Aylin Dal   | 01.08.2020
Ердоган: „Нека овој Курбан бајрам биде можност за ослободување и будење на муслиманите"

АНКАРА

Претседателот на Република Турција, а воедно и претседателот на АК Партија Реџеп Таип Ердоган изрази надеж дека овој Курбан бајрам ќе биде можност за ослободување и будење на муслиманите во светот за да ја поправат својата состојба, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган во текот на програмата на честитање на бајрамските празници со функционерите на АК Партија, одржан преку видеоконференција, истакна дека се надева дека што поскоро ќе бидат решени проблемите и предизвиците на муслиманите во светот и дека ќе остварат многу поголем економски и духовен напредок.

Потсетувајќи дека оваа година поради глобалната пандемија на коронавирусот аџилакот го извршуваат само ограничен број луѓе што секако ја намали радоста и среќата на муслиманските верници, Ердоган истакна дека бројните муслимани од Палестина и Сирија па до Аракан се наоѓаат во многу тешка ситуација.

Додаде исто така дека поради се поголемото непријателство кон исламот во западните земји животите на многумина муслимани се претворија во темница.

„Се надевам дека овој Курбан бајрам ќе биде повод за ослободување и будење на сите муслимани кои живеат во тешкотии и под прогон, каде и да се наоѓаат во светот", рече Ердоган.

Турскиот претседател истакна и дека отворањето на џамијата „Аја Софија" (Ayasofya-i Kebir Cami-i Şerifi) за намаз на 24 јули дополнително ја зголеми бајрамската радост и среќа на муслиманите.

„Поради тоа, мислам дека зад расправите кои се водат за да се намали значењето на повторното отворање на џамијата Аја Софија за намаз стојат лоши намери", рече Ердоган.

Тој нагласи дека Република Турција денес стана земја со која се гордеат нејзините граѓани но и земјата од која надеж имаат многумина луѓе во светот изложени на тиранија, неправда и насилство.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın