Турција

Ердоган: „На чекор сме до целта да го направиме Истанбул центар на меѓународните организации“

Новиот центар на ОЕЦД во Истанбул ќе биде од голема важност за поддршка на земјите во овие региони и ќе ги постави темелите за одржливо заздравување по пандемијата

Aysu Biçer   | 22.01.2021
Ердоган: „На чекор сме до целта да го направиме Истанбул центар на меѓународните организации“

ИСТАНБУЛ (АА) - Организацијата за економска соработка и развој (OECD) денеска го отвори својот петти регионален центар во Истанбул со цел да ги развие односите низ Евроазија, Блискиот Исток и Северна Африка, Југоисточна Европа и Југоисточна Азија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Новиот центар на ОЕЦД во Истанбул ќе биде од голема важност за поддршка на земјите во овие региони и ќе ги постави темелите за одржливо заздравување по пандемијата.

„На чекор сме до нашата цел да го направиме Истанбул центар на меѓународните организации“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во видеопораката по повод отворањето на Центарот.

Тој истакна дека преку Центарот на ОЕЦД во Истанбул, Турција ќе може да придонесе кон работата на Организацијата на пошироки простори.

Турската министерка за трговија, Рухсар Пекчан, рече дека врските меѓу Турција и ОЕЦД ќе започнат нова ера со основањето на Центарот.

„Време е да се изгради подобар свет за периодот по пандемијата. Турција очекува значителен придонес од Истанбулскиот центар на ОЕЦД во врска со ова“, додаде Пекџан.

Генералниот секретар на ОЕЦД, Анхел Гурија, рече дека е горд што го отворил овој нов центар за мултилатерална соработка и дека очекува да го искористи неговиот потенцијал за унапредување на заедничките решенија за заедничките предизвици.

„Нашиот нов центар во Истанбул ќе ги искористи постојните иницијативи на ОЕЦД за да помогне во информирањето на работата на партнерските региони и се надеваме дека ќе биде сидро за најдобри практики за промовирање на инклузивен и одржлив раст“, забележа Гурија.

Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД, со седиште во Париз, има четири регионални центри во Берлин, Мексико, Токио и Вашингтон. Канцеларијата во Истанбул ќе биде петтиот регионален центар на Организацијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.