Турција

Ердоган: „Наскоро почнуваме со изградба на домашниот разурнувач за противвоздушна одбрана ТФ-2000“

Турскиот претседател рече дека успехот на Турција во одбранбената индустрија e многу важен извор на надеж за угнетените нации и заедници низ светот

Hanife Sevinç, Mustafa Hatipoğlu   | 14.01.2022
Ердоган: „Наскоро почнуваме со изградба на домашниот разурнувач за противвоздушна одбрана ТФ-2000“ Фото: Emrah Yorulmaz/AA

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека неговата земја наскоро ќе започне со изградба на домашниот разурнувач за противвоздушна одбрана ТФ-2000, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган денеска го посети бродоградилиштето во Истанбул, каде што зборуваше на церемонијата организирана по повод лансирањето на првиот домашен и национален разузнавачки брод во Турција, „ТЦГ Уфук“.

„Верувам дека многу добро влеговме во 2022 година, реализирајќи ги еден по еден клучните проекти на нашата одбранбена индустрија“, рече Ердоган.

Тој изрази желба бродот „ТЦГ Уфук“, за кој верува дека ќе придонесе за ефективно извршување на безбедносните и разузнавачките активности на море, да биде од корист за Националната разузнавачка организација.

Објасни дека првиот турски разузнавачки брод „Уфук“ бил изграден со национални инженерски способности.

„Не сакаме повеќе да набавуваме од странство. До денешен ден дојдовме одлучно работејќи од 2004 година кога рековме дека нашите проекти ќе бидат домашни и национални. Особено во последните десет години, настаните околу нас уште еднаш ни покажаа дека нациите кои не можат да бидат независни во одбранбената индустрија, не можат да гледаат на иднината со доверба“, нагласи Ердоган.

Турскиот претседател рече дека успехот на Турција во одбранбената индустрија e многу важен извор на надеж за угнетените нации и заедници низ светот.

Нагласувајќи дека бројот на земји кои користат производи од турската одбранбена индустрија се зголемува секоја година, Ердоган продолжи:

„Нашата земја моментално е меѓу 10-те земји во светот кои можат да дизајнираат, градат и одржуваат сопствени воени бродови. Досега извезовме 180 поморски платформи во 25 земји. Наскоро ќе започнеме со изградба на нашиот разурнувач за противвоздушна одбрана ТФ-2000.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın