Турција

Ердоган: „Нападите врз муслиманите на Кудс се напади врз сите нас“

„Светот што не може да ги заштити Кудс и муслиманите е свет кој веќе го повлекол осигурувачот за самоуништување“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Elif Küçük,Kaan Bozdoğan,Berk Özkan   | 09.05.2021
Ердоган: „Нападите врз муслиманите на Кудс се напади врз сите нас“

ИСТАНБУЛ

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, го повика целиот свет, заедно со исламските земји, ефикасно да му се спротивстават на Израел и неговите напади на џамијата „Ал Акса“, градот Кудс (Ерусалим) и сите домови на Палестинците, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Светот што не може да ги заштити Кудс и муслиманите е свет кој веќе го повлекол осигурувачот на бомбата за самоуништување“, рече турскиот претседател по ифтарот што во Истанбул го организираа за мајките од Дијарбакир, кои протестираат барајќи да им се вратат децата што на сила или измама се однесени во редовите на терористичката организација ПКК.

Во своето обраќање Ердоган потсети на бруталните израелски напади врз Палестинците за време на светиот месец Рамазан.

„Насилничката држава Израел, терористичката држава Израел, без малку совест ги напаѓа муслиманите во Кудс кои имаат за цел само да ги сочуваат своите илјадагодишни домови, својата земја“, рече Ердоган и додаде:

„Го повикувам целиот свет, на чело со исламските земји, на ефективно спротивставување на Израел наспроти нивните напади на џамијата Ал Акса, градот Кудс и сите домови на Палестинците.“

Ердоган додаде дека должност на секој кој се нарекува човек е да се спротивстави на бесправните, нехуманите и валканите израелски напади кои го валкаат Кудс, градот што ги обединува светите вредности на трите вери.

„Сите кои јасно не се противат на нападите на Израел, индиректно се соучесници во насилствата што таму ги спроведува“, рече Ердоган.

Ердоган потсети дека заштитата на Кудс и „Ал Акса“ е должност на секој муслиман.

„Нападот на верските објекти во Кудс, на чело со Ал Акса, е напад врз нас. Тоа е напад врз муслиманите на Кудс, но и врз муслиманите кои ја посетуваат Каба во Мека, тоа е напад врз муслиманите кои се во близина на божјиот пратеник Мухамед во Медина. Тоа е напад врз муслиманите во Дијарбакир, Истанбул, Каиро, Исламабад, Џакарта, Куала Лумпур, Баку, Сараево“, порача Ердоган.

Претседателот на Турција им порача на сите земји со муслиманско население: „Време да бидеме едно, да бидеме единствени.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın