Турција

Ердоган и Столтенберг разговараа за низа регионални прашања

Од турското Претседателство наведоа дека се разговарало за случувањата во Егејското Море, Источниот Медитеран, Либија и Авганистан, како и за кризата меѓу Русија и Украина

Berk Özkan   | 16.04.2021
Ердоган и Столтенберг разговараа за низа регионални прашања

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од Директоратот за комуникации при турското Претседателство се наведува дека се разговарало за регионални прашања, меѓу кои се случувањата во Егејското Море, Источниот Медитеран, Либија и Авганистан, како и за кризата меѓу Русија и Украина.

Ердоган во разговорот истакнал дека благодарение на конструктивните чекори и упорните повици на Турција, денес во Егејското Море и во Источниот Медитеран владее мирна атмосфера.

Тој додава дека на новата либиска Влада потребно е да ѝ се пружи поддршка на полето на одбраната и безбедноста, и дека Турција со потпишаните договори дава продонес во тие рамки.

Турскиот претседател верува и дека НАТО, со користење на своите можности и способности, треба да продолжи ефикасно да дава поддршка на Авганистан.

Ердоган исто така укажал на тоа дека кризата меѓу Русија и Украина треба да се реши преку дијалог врз основа на Договорот од Минск и територијалниот интегритет на Украина.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın