Турција

Ердоган: „Исламската цивилизација е соочена со своевиден културоцид"

Претседателот Ердоган изјави дека муслиманите треба да ги негуваат вредностите како што се искреноста, посветеноста, свеста за доверба, љубовта и почитувањето

Hanife Sevinç   | 08.11.2019
Ердоган: „Исламската цивилизација е соочена со своевиден културоцид"

ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека муслиманите треба да ги негуваат вредностите како што се искреноста, посветеноста, свеста за доверба, љубовта и почитувањето, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ако денес сакаме да изградиме општество од доверба, мораме во нашите животи да внесеме вредности какви што се искреноста, посветеноста, свесноста за почитувањето, љубовта, почитувањето и милоста, како што тоа го правеше и божјиот пратеник Мухамед", рече Ердоган во обраќањето во Истанбул по повод одбележувањето на денот на раѓањето на божјиот пратеник Мухамед.

Ердоган изрази надеж дека овој посебен настан во животот на муслиманите може да биде можност за нивно духовно будење.

Турскиот претседател истакна дека исламската цивилизација е соочена со своевиден културоцид.

„Исламската цивилизација соочена е со своевиден културоцид, од една страна, со нападите на убијци како што се ДЕАШ, Боко Харам, Аш-Шабаб, ФЕТО, ПКК, ЈПГ", а од друга страна, со незнаење и меѓусебни поделби", порача Ердоган.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın