Турција

Ердоган: „Зад нас се најуспешните 18 години во историјата на Република Турција“

„Нашата цел е да бидеме централна земја, не само во производството, туку и во технологиите за обновлива енергија. Денес, 63,5 отсто од нашата инсталирана електрична моќ ја сочинуваат домашни ресурси...“

Ekipa   | 16.01.2021
Ердоган: „Зад нас се најуспешните 18 години во историјата на Република Турција“

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека вкупно 27 милијарди лири, односно околу три милијарди евра се инвестирани во проектите за дистрибуција на природен гас, откако се дојдени на власт пред скоро две децении, јавува Агенција Анадолија (AA). 

„Инвестициите во топлинската и геотермална енергија секако значително ќе придонесат за снабдување на нашата земја со енергија“, рече Ердоган во обраќањето на видеоконференцијата на церемонијата за свеченото отворање на проектот од областа на енергетиката и природните ресурси во градот Маниса.

Нагласи дека станува збор за многу важен проект на четири енергетски постројки, што ќе биде многу корисен не само за жителите на Маниса, туку и за цела Турција.

„За 18 години, тројно го зголемивме количеството на произведена електрична енергија на 96.000 мегавати, што е важно за целокупниот напредок на Турција“, рече Ердоган и додаде:

„Нашата цел е да бидеме централна земја, не само во производството, туку и во технологиите за обновлива енергија. Денес, 63,5 отсто од нашата инсталирана електрична моќ ја сочинуваат домашни ресурси, а 51,7 отсто од тоа се обновливи извори на енергија.“

Тој потсети дека во изминатиот период ги спровеле потребните реформи со кои во сите турски градови е обезбедено снабдувањето со гас.

„Пред да дојдеме на власт, природен гас имаа само пет големи градови, а ние го проширивме тоа на 81 град, во сите наши градови. До крајот на 2020 година, развивме дистрибутивна мрежа во должина од 153.000 километри“, рече Ердоган и додаде дека денес околу 68 милиони жители во Турција имаат можност да користат природен гас.

„Дури и во 2020 година, кога се стопирани јавните инвестиции во целиот свет, не престанавме со вложувањата во природниот гас. Се надевам дека и во 2021 година ќе продолжиме со вложувањата во природниот гас“, рече турскиот претседател.

Потсетувајќи дека во изминатите години се реализирани голем број проекти во областа на одбранбената индустрија со цел да се намали зависноста од другите земји, Ердоган рече дека зад себе ги оставиле најуспешните 18 години во историјата на Република Турција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın