Турција

Ердоган: „Гo осудувам Западот што немо ја следеше тортурата на Морси“

„За жал, на истиот ден кога беше уапсен, шест години подоцна во судницата тргна по патот на шехидите. Сакам да изразам сочувство до египетскиот народ и целиот муслимански свет“

Jeyhun Aliyev   | 18.06.2019
Ердоган: „Гo осудувам Западот што немо ја следеше тортурата на Морси“

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го осуди западниот свет и човештвото што немо го следеше соборувањето на Морси со пуч, неговата тортура во ќелијата и неговата смрт, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган имаше свое обраќање на свеченоста по повод отворањето на новоизградена болница во истанбулскиот кварт Султангази.

Осврнувајќи се кратко на вчерашните вести за смртта на првиот демократски избран претседател на Египет, Мухамед Морси, Ердоган уште еднаш упати зборови на сочувство.

„За жал, на истиот ден кога беше уапсен, шест години подоцна во судницата тргна по патот на шехидите. Сакам да изразам сочувство до египетскиот народ и целиот муслимански свет“, изјави Ердоган, и додаде: 

„Го осудуваме молкот на Западот и на сите кои немо го набљудуваа соборувањето со пуч, мачењето во ќелија и смртта на Мухамед Морси, кој со демократски избори дојде на власт.“

Ердоган зборуваше и за повторувањето на изборите за градоначалник на Истанбул, кои ќе бидат одржани в недела на 23 јуни, а во оваа пригода изнесе остри критики на сметка на кандидатот на Републиканската народна партија (CHP), Екрем Имамоглу, и изјави дека Истанбул нема да го препуштат на лажговци.

На локалните избори закажани за 23 јуни во Турција, кандидатот на владејачката Партија за правда и развој (АK Parti), Бинали Јилдирим, и кандидатот на Републиканската народна партија (CHP), Екрем Имамоглу, повторно ќе се борат за функцијата градоначалник на Истанбул, откако највисоките изборни власти наредија изборите од 31 март во Истанбул да бидат повторени.

Врховната изборна комисија на Турција, поради одредени нерегуларности и незаконитости, на 6 мај донесе одлука за повторување на локалните избори за градоначалник на Истанбул. Повторените избори за градоначалник во Истанбул ќе се одржат в недела на 23 јуни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın