Турција

Ердоган: „Во изворот Туна-1 во Црното море откриени вкупно 405 милијарди кубни метри резерви на природен гас"

- „Во резервата која ја откриве како резултат на извршени тестови, анализи и детални инжинерски работи, додадовме уште 85 милијарди кубни метри. Со ова, се откриени вкупно 405 милијарди кубни метри резерви на природен гас“, рече Ердоган

Güç Gönel   | 17.10.2020
Ердоган: „Во изворот Туна-1 во Црното море откриени вкупно 405 милијарди кубни метри резерви на природен гас"

ИСТАНБУЛ

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека во резервата која ја откриле како резултат на извршените тестови, анализи и детални инжинерски работи, додале уште 85 милијарди кубни метри, и дека во изворот “Туна-1“ во полето во Сакарја се откриени вкупно 405 милијарди кубни метри резерви на природен гас, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган оствари посета на бродот за сондажа „Фатих“. Турскиот претседател потсети дека бродот „Фатих“ на 20 јули започнал со сондажа на изворот Туна-1 на полето во Сакарја.

Според него, на 21 август ја соопштиле добрата вест дека во првите два слоја на овој извор кој се наоѓа под морското дно се откриени природен гас од 320 милијарди кубни метри.

По ова откритие, рече Ердоган, бродот кој продолжи со активностите за сондажа достигна до длабочина од 4.445 метри.

„Во резервата која ја откриве како резултат на извршени тестови, анализи и детални инжинерски работи, додадовме уште 85 милијарди кубни метри. Со ова, во изворот “Туна-1“ во полето во Сакарја се откриени вкупно 405 милијарди кубни метри резерви на природен гас“, рече турскиот претседател.

Ердоган нагласи дека со достигнување на длабочина од 4.775 метри, завршија активностите во овој извор, и дека бродот за сондажа „Фатих“ од наредниот месец ќе ги продолжии своите работи во изворот „Туркали-1“ исто во полето во Сакарја.

„За кратко вреќе очекуваме да добиеме радосни вести и од изворот „Туркали-1“. Природниот гас од 405 милијарди кубни метри кој го откривме во изворот „Туна-1“, преку платформата која ќе се формира тука, ќе ги интегрираме во системот кој и служи на целата земја. Нашата цел е во 2023 година овој гас да го нудиме за употреба на нашиот народ. Со тоа, Турција ќе ја добие најголемиот јаглеводороден извор во својата историја. Се надеваме дека ќе го развиеме овој извор преку добрите вести кои ќе ги добиеме од новите сондажи на Црното Море и Медитеранот“, нагласи Ердоган.

Тој информира дека бродот за сондажа „Јавуз“ заедно со бродовите за сеизмички истражувања „Барбарос Хајретин“ и „Оруч Реис“ ги продолжува своите активости на Медитеранот.

„Бродот за сондажа „Кануни“ веќе тргна за извршување на активностите за сондажа на Црното Море. Кон крајот на годината ќе почне со дупчење на извори. Сите наши бродови за сондажа кои се во сопственост на Турската нафтена компанија (Türkiye Petrolleri Anonim Ortaklığı), сочинуваат околу 20 отсто од вкупната флота на длабока поморска сондажа во светот. Нашите бродови за сеизмички истражувања имаат најмодерна опрема“, истакна турскиот претседател.

„Сега направивме нов чекор и подморскиот робот со напредна технологија и далечински управувач со домашни и национални можности го вклучивме во нашиот нафтен сектор. Благодарение на овој подморски робот кој го именувавме „Ќашиф“, со далечински управувач ќе можеме да обезбедиме видео снимки како и потребата за електрична енергија која е потребна во длабочина од стотици метри“, додаде Реџеп Таип Ердоган.

Тој нагласи дека ќе продолжат да ја развиваат нивната економија со фокус на прозиводство, извоз и вработување, и рече: „Нема да се колебаме и нема да запираме се додека нема да оставиме голема и моќна Турција“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.