Турција

Ердоган: „Во затвор се наоѓаат над 30.000 припадници на ФЕТО“

„Моментално во затвор се наоѓаат 30.559 припадници на ФЕТО, вклучувајќи 20.226 осудени и 10.330 кои се во притвор“, изјави Ердоган на одбележувањето на 174-годишнината на турската полиција

Gözde Bayar   | 10.04.2019
Ердоган: „Во затвор се наоѓаат над 30.000 припадници на ФЕТО“

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес истакна дека повеќе од 20.000 припадници на терористичката организација ФЕТО се осудени за различни злосторства, а дека уште 10.000 се наоѓаат во притвор, јавува Anadolu Agency (AA).

„Моментално во затвор се наоѓаат 30.559 припадници на ФЕТО, вклучувајќи 20.226 осудени и 10.330 кои се во притвор“, изјави Ердоган во Анкара на одбележувањето на 174-годишнината на турската полиција.

Наведувајќи дека борбата против терористичката организација ФЕТО продолжува, Ердоган рече дека над 31.000 лица се отпуштени од полицијата.

„Бројот на отпуштени од војската изнесува над 15.000, а повеќе од 4.000 лица се отпуштени од правосудството“, нагласи Ердоган.

Турскиот претседател на одбележувањето на турските полициски сили порача:

„На оние што сметаат дека со формирањето терористички коридор по должината на границата ќе нè фрлат на колена, со преземените чекори им покажавме дека тоа не е возможно“.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација која ја предводи Фетула Ѓулен, кој живее во САД, а чие испорачување Турција официјално го бараше од САД.

Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а околу 2.200 беа повредени.

Припадниците на таа организација, со години, со местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се во институциите на државата. Потоа, најпрво во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството низ наместен процес поради наводна корупција направија обид за процесуирање на голем број високи службеници.

Неколку години подоцна следуваше и крвав обид на терористите на ФЕТО, кога на 15 јули офицерите во турската Војска, лојални на таа терористичка организација, извршија обид за пуч. Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна, а на тоа во повеќе наврати укажаа и турските официјални претставници. За време на обидот за пуч во Турција загинаа 251 лице, а ранети беа околу 2.200 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın